alesandre-pato-milan

Напаѓачот на Милан, Алесандро Пато, ќе го пропушти почетокот на сезоната во Серија А поради повреда.

Бразилецот ја обнови повредата за време на тренингот, кога добил удар во ногата.

„Во наредните неколку денови ќе биде подлежен на прегледи за да се установи за каква повреда се работи“ – соопштија „миланезите“.

Алесандро Пато поради повреди пропушти поголем дел од минатата сезона, а по се изгледа дека нема да биде подготвен ниту за новата. Пато минатата сезона настапи на само 11 натпревари, а во Милан пристигна во 2007-та година.

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

zj 300x250-min

mileniumbanner21

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа