Vip

Фудбалскиот клуб Парис Сент-Жермен во петокот официјално го претстави Тијаго Силва и потврди дека до зимскиот преоден рок не планираат да доведуваат нови засилувања.

„За нас преодниот рок е завршен. Ова е последната презентација за оваа година“ – изјави спортскиот директор, Леонардо.

Бразилскиот фудбалер потпиша договор со клубот од Париз уште пред еден месец, но неговото претставување беше дури овој петок, бидејќи доби десет денови одмор по настапот на Олимписките Игри во Лондон.

„По разговорот со спортскиот директор Леонардо и тренерот Анчелоти, со кој и претходно соработував во Милан, се заинтересирав за ПСЖ. Сега сум овде, пресреќен сум, бидејќи верувам во овој проект“ – изјави Силва.

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа

banerMasaMedo

AcaLukasIRadmila