Чави Ернандез се запиша во историјата на Лигата на шампионите со најмногу додавања на еден натпревар.

cavi-500

Дури 11 пати на 13 меча, тимот на Тито Виланова постигнува голови во последната третина од полувремињата. Барселона под вотство на Виланова, иако резултатски е подеднакво успешна, многу пати мораше да прави пресврт. Своите најважни голови ги постигнуваа во финишот, а пет пати оваа сезона се избориле за победа откако имале „минус“ во својата мрежа.

Така беше и синоќа на дуелот против Селтик на „Ноу Камп“. Иниеста погоди за 1:1 во последната минута од првиот дел, а Жорди Алба погоди за победа во 94-тата минута.

Кога зборуваме за бројките мора да се спомне и рекордот на Чави Ернандез кој имаше дури 183 додавања, од кои 97 посто прецизни и со тоа се запиша во историјата на Лигата на шампионите. Колку за споредба, целиот тим на Селтик имаше 193 додавања. Чави создаде осум шанси и асистираше при еден гол.

Дури 82 проценти во свој посед Барселона ја имаше топката на овој дуел и стигна на четвртото место на листата на „најголемата надмоќност“ на еден дуел, а рекордот се разбира го држат исто така Каталонците.

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

anaNikolic

misoKovac

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа