По само шест месеци, италијанецот Ди Матео, од херој дојде до отказ од клубот, на кој му ја донесе првата Европска титула.

di-matteo

Утринава на официјалната интернет страна на англискиот клуб, се појави веста дека менаџерот Роберто Ди Матео, не е повеќе на кормилото на клубот од Лондон. Причината за овој отказ е слабата игра и големиот пораз што го доживеа вчера вечер, во Лигата на шампионите, од екипата на Јувентус, со резултат од 0-3, по што пласманот во понатамошното разигрување, виси на конец.

Како замена за Ди Матео, се говори за шпанскиот тренер, Рафаел Бенитез, кој иако по лошата епизода во Интер, сепак сè уште има добра репутација на островот, по одличната работа која ја вршеше во Ливерпул. Но сепак, повеќето очекуваат, во случај ако Бенитез, седне на клупата на Челзи, сепак тоа да биде како привремена замена, чекајќи го Пеп Гвардиола, да се реши да се врати во фудбалскиот свет.

ја сакам Македонија: тука
навивам за мојата репрезентација: тука

 

 

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

zeljko-samardzic-ohrid

milenium-baner

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа