Vip
Фантастично деби за новото засилување на Челзи, кој веќе започна да ги исплаќа парите кои ги потроши клубот за неговиот трансфер.

dembaba-chelzi-gol

Составот на Бенитез, славеше со 5:1 против Саутемптон во третото коло на ФА Купот. Во оваа висока победа, учествуваше и најновото засилување на клубот, напаѓачот Демба Ба, кој пред некој ден, пристигна во Челзи од Њукасл, каде што прикажа одлични игри, кои беа доволни за тоа за него да се заинтересираат речиси сите водечки екипи во Европа. Тој постигна 2 гола, иако се приклучи на клубот пред само неколку дена, т.е. само по неколку тренинзи со клубот.

Првиот гол го постигна за израмнување за 1:1 (голот за Саутемптон беше дело на Родригез), додека вториот гол беше за 4:1. Останатите голови ги постигнаа Моузес, Ивановиќ и Лампард, кој го постигна својот 193-ти гол за клубот, со што се израмни на второто место на оваа листа, со Кери Диксон. На првото место е Боби Тамблинг, кој има постигнато 202 голови за Челзи.

Во останатите натпревари, со голот во 90-та минута на Ван Перси, Јунајтед се избори за уште натпревар, откако губеше 2:1 од Вест Хем. Нивниот градски ривал па лесно ја совлада екипата на Ватфорд со 3:0.

ја сакам Македонија: тука
навивам за мојата репрезентација: тука

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа

banerMasaMedo

AcaLukasIRadmila