Vip

Голманот на фудбалскиот клуб Вардар, Игор Павловиќ ги повикува сите љубители на фудбалот да го исполнат стадионот „Филип Втори“ на реваншот против Стеауа.

pavlovik

- Добро, сигурно посакував деби со помалку примени гола во мојата мрежа. Но, тој натпревар е веќе зад нас и мора да го заборавиме. Стеауа ги потврди сите наши очекувања дека се работи за исклучително силен тим кој е голем фаворит во оваа пресметка. Мора да признам дека и ние не одигравме на нивото, затоа што знам дека овој Вардар има многу квалитетни фудбалери кои можат многу повеќе од она што беше демонстрирано во Букурешт – вели Павловиќ.

- Сега знаеме дека апсолутно нема што да се загуби, па мора отворено со сите сили, агресивно и борбено да одиме да се надигруваме со Стеауа. Ги повикувам сите наши навивачи искрено да дојдат и да ни дадат максимална поддршка во вторник, па да се обидеме да дојдеме до изненадување. Зошто да не – додава Павловиќ.

Колку за потсетување Вардар загуби со 3:0 во Букурешт против Стеауа, а во вторник  на домашен терен во Скопје ќе се одигра реванш дуелот.

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа

banerMasaMedo

AcaLukasIRadmila