Тренерот на Арсенал, Арсен Венгер e премногу лут поради тоа што Џек Вилшир победата над Наполи ја прославил во еден ноќен клуб а бил фотогрфиран од папараците додека пуштел - чин кој не му доликува на еден  професионален спортист.

- Ова не оди вака. Ќе разговарам со него, неприфатливо е такво однесување - вели францускиот стратег.

По ова стигна и брз демант од фудбалерот кој тврди дека ја ставил цигарата во уста на шала и дека е непушач.

- Тоа е дел од една шега која ја изведе за пријателите. Тој е професионален фудбалер, кој живее здраво и не користи цигари и алкохол -  тврди портпаролот на Џек.

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

milenium-baner

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа