Германскиот голман Арвид Шенк е дел однајбизарните фудбалски приказни в светот. 25-годишниот Германец се согласил да се пресели во Данди на крајот од летниот преоден рок минатата година.

dandi-gol

Помина пола сезона да Шенк да добие шанса и да ги одигра првите минути во дресот на својот нов клуб против истоимениот градски ривал, Данди Јунајтед.

Шенк тој дуел ќе го памети секогаш, прими дури шест гола за 90 минути, додека неговите соиграчи успеаа да постигнат само два гола на другата страна. Првиот гол го прими по само 30-тина секунди игра.

Поради овој катастрофален пораз Шенк по само неколку дена да го напушти клубот.

- Голманот Арвид Шенк го напушти нашиот клуб поради истекување на договорот - велат од клубот.

Имено, Шенк после тој натпревар воопшто не добил шанса и веднаш бил сместен како трет избор на голманската позиција. Сепак, Шенк за само 90 минути успеа да се запише во историјата на шкотскиот клуб.

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

skopskaLinijabanerMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа