Екипата на Челзи вчера ја освои титулата во Премиерлигата со што повторно се шампиони на Англија, трет пат под водство на Жозе Мурињо.

Во последните месеци стигнаа многу критики на адреса на Жозе Мурињо за дефанзивниот стил на игра кој го практикува со Челзи, но Португалецот секогаш знае како да одговори.

- Во мојата земја велат, кучињата лаат, карванот си врви - изјави Мурињо.

- Полесно е да си стручен коментатор. Како стручен коментатор победуваш на сите натпревари, никогаш не губиш. Тоа е фантастична работа. Можеби за десет години тоа ќе биде моја работа и тогаш ќе победувам на секој натпревар - додава тренерот на „сините“.

- Среќен сум за фудбалерите и горд на се што направивме оваа сезона уште од првиот ден, сега имаме чувство дека го добивме тоа што го заслужуваме. Ќе се обидам следната сезона да освојам нова титула. Секогаш ќе се обидувам. Денот кога ќе почувствувам дека немам пасија за титули, ќе престанам.

- Кажав на почетокот од сезоната, и уште еднаш ќе повторам, во Челзи ќе останам додека г-дин Абрамович не ми каже да си одам. Тој е човекот кој ги има освоено сите титули во Челзи. Некои фудбалери освоиле неколку, некои менаџери исто, но г-дин Абрамович ги освои сите титули - завршува Португалецот.

 

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

anaNikolic

misoKovac

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа