Англиските медиуми шпекулираат дека одбранбениот играч на Челси, Бранислав Иванович, имал афера со докторката на Челзи, Ева.

branislav.eva

Фудбалерот на Челзи и капитен на репрезентацијата на Србија, Бранислав Иванович, е еден од главните актери во скандалот кој го потресоа шампионот во Премиер лигата.

Ева го стекна вниманието на јавноста на натпреварот со Свонси, кога го налутила Мурињо, кога без негова дозвола влегла на теренот за да му укаже помош на повредениот Азар. Потугалецот после тоа збеснал и забранил на Ева да биде со тимот во соблекувалните, на тренинзите и на натпреварите. Меѓутоа британските медиуми тврдате дека позади сето ова не биле случувањата на натпреварот, туку станува збор за нешто друго.

Таблоидот Сан“, објави интервју со поранешниот дечко на Ева, кој тврди дека убавата докторка признала дека спиела со некој од играчите на Челзи, но не сакал да открие за кого станува збор.

Тамошните медиуми се прилично уверени дека станува збор за Иванович кој бил прилично лут на Мурињо затоа што Ева не е со тимот моментално, а Португалецот размислувал во наредниот меч да го изостави од првиот состав.

Бранислав Иванович е оженет со Наташа и имаат 3 деца, синот Стефан и близначките Ана И Андреја.

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

anaNikolic

misoKovac

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа