Откако започна да реди само киксови во новата сезона од Премиер лигата, Жозе Мурињо удри по новинарите.

Имено, во пресрет на утрешниот меч против Макаби Тел Авив во рамките од првото коло од ЛШ, на прес конференцијата Жозе Мурињо одговарајќи на прашањата му порача на еден новинар подобро да се информира и да користи Гугл отколку да му поставува глупави прашања на него.

Имено, еден од присутните новинари го праша Португалецот дали мисли дека и по третата сезона се уште е добар менаџер за Челзи, на што овој одговори:

- Моја трета сезона во Порто? Немав трета сезона во Порто. Моја трета сезона во Интер? Немав трета сезона во Интер. Во мојата трета сезона во Челзи за прв пат, освоив ФА куп, освоив Карлинг Куп и играв полуфинале од ЛШ. Трета сезона со Реал, освоив Суперкуп и играв ЛШ 1/4 финале, тоа се моите трети сезони, така да не сакам глупи прашања, побарај на Гугл и провери ги моите трети сезони, поентата на ова прашање е глупа, прашањето е глупост - порача Мурињо.

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

anaNikolic

misoKovac

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа