Англискиот вицешампион, Манчестер Сити во наредниот период нема да може да смета на услугите на Серхио Агуеро кој се повреди за време на натпреварот против Еквадор во квалификациите за пласман на Светското првенство во Русија во 2018. година.

Еден месец менаџерот Мануел Пелегрини ќе биде без својот најдобар напаѓач и прва ѕвезда во екипата што сигурно ќе биде голем проблем. Од друга страна пак статистиката покажува нешто друго, а тоа е дека Сити е подобар без Агуеро.

Кога Агуеро игра „граѓаните“ остваруваат победи во 62 проценти од случаите, кога не игра тимот е поуспешен со 67 проценти. Истото се однесува и за бројот на погодоци 2,2 во просек кога Кун игра, а 2,4 кога е во „аут“ или одмара.

На Манчестер добро му оди без него и кога се во прашање и мечеви со големи екипи. Со Аргентинецот, Сити добил 38 проценти од мечевите, а пак обратно таа бројка е дури 45 проценти.

Големи тимови се оние кои заврши во топ четири во ПЛ во годината или пред таа, како и клубовите кои стигнале до финалето на ЛШ по доаѓањето на Серхио на „Итихад“.

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

anaNikolic

misoKovac

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа