Vip

Селекторот на италијанската фудбалска репрезентација, Антонио Конте најави промени во играчкиот ростер на „аѕурите“, промени по кои репрезентацијата никогаш повеќе нема да биде истата.

Имено, италијанскиот селектор сериозно размислува да ги изостави од тимот Андреа Пирло и Даниеле Де Роси, кои беа лидерите на оваа генерација.

Екс-стратегот на Јувентус не е задоволен од формата на Андреа Пирло во МЛС-лигата, а за Де Роси, пак, вели дека нема доволна минутажа во Рома. Ако до крајот на сезоната тие не го променат статусот, Конте најави дека нема да ги вметне во списокот на патници на ЕП.

Пред пријателскиот меч против Белгија селекторот на „аѕурите“ соопшти дека индивидуалците не му се важни и дека за националниот тим ќе играат само фудбалери кои се стандардни во клубовите и кои се во добра форма.

27

- Го гледам само тимот и неговите потреби. Работам за доброто на репрезентацијата - вели Конте, кој уште кога беше назначен за селектор најави дека нема да има милост кон фудбалерите и нема да ги повикува во националниот тим на стара слава.

 

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа

banerMasaMedo

AcaLukasIRadmila