Најдобриот стрелец во Серија А во минатата сезона, Гонзало Игуаин добил бомбастична понуда од богатите кинески клубови.

Имено до актуелниот член на Наполи стигнала навистина неверојатна понуда од прволигашот Хабеи Чајна кој претходно дојде до потписите на голманот Керол, Жервињо, М Биа и Лавеци.

Нивната понуда до него изнесувала 50 милиони евра по сезона што е далеку повеќе од примањата на најдобрите двајца играчи на светот Кристијано Роналдо и Лионел Меси кои заработуваат по 21, односно 20 милиони евра.

Одговорот на аргентинскиот репрезентативец бил „не“, зошто неговата желба и понатаму е да игра во елитен фудбал.

skopskaLinijabanerMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа