Возбудувањата на патот кон најпосакуваниот трофеј на Стариот континент почнуваат денеска а легендарниот италијански фудбалер Филипо Инзаги даде предвидување за финалето.

- Очекувам финале меѓу Баерн и Јувентус. Германците се навистина силни, имаат одличен тренер во името на Карло Анчелоти и чувствувам навистина голема наклонетост кон нив. Што се однесува до Јувентус, мислам дека конечно дојде таа година - изјави Инзаги за „Газета дело спорт“.

Инзаги беше шампион на Европа со Милан во 2003 и 2007 година, додека со Јувентус беше поразен во финалето во 1998 година од Реал Мадрид кој благодарение на единствениот гол на натпреварот кој беше дело на Предраг Мијатовиќ го прекина постот од 31 година без титула во ЛШ. Популарниот Пипо го спомена и тој натпревар и тука ги спомена Алесандро Дел Пиеро, Гонзало Игуаин и Пауло Дибала.

- Дибала и Игуаин сочинуваат неверојатен тандем. Но, Алесандро и јас веќе првата година игравме заедно во финалето од ЛШ. Значи, за тие двајца да бидат подобри од нас постои само еден пат, да ја освојат ЛШ. Иако, не зависи само од нив, за такво нешто ќе биде подеднакво важни и нивните голови, како и добрите интервенции на одбраната...

Инаку „Старата дама“ последен пат беше европски шампион во 1996-та година со триумфот во Рим против Ајакс на пенали, а потоа загуби три финалиња - од Дортмунд во 1997, од Реал во 1998 и од Милан во 2003. година.

skopskaLinijabanerMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа