Напаѓачот на Порто, Андреа Силва, е нова мета по која тргна управата на Манчестер Јунајтед по барање на Мурињо - објави Дејли Рекорд.

Имено, овој 21- годишен фудбалер со своите настапи во ЛШ оваа сезона го привлече вниманието на многу големи европски клубови а претходно Реал Мадрид и Манчестер Сити веќе искажаа интерес за негов ангажман.

Неговата откупна клаузула изнесува 60 милиони евра откако го потпиша со тимот новиот договор на почетокот на оваа сезона.

За потсетување, на мета на новиот тренер на Јунајтед се наоѓаат уште неколку фудбалери, пред се дефанзивци како, Фабињо, Лиделоф, додека пак Мурињо го посакува и Иван Ракитиќ од Барселона.

skopskaLinijabanerMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа