Маурицио Зампарини се закани на играчите на Палермо дека ќе летаат од клубот доколку не го следат следат примерот на Илија Несторовски и на голманот Јосип Посавец.

Според првиот човек на Палермо на потребното ниво не е ниту нашиот втор интернационалец, Александар Трајковски, од кого очекува поскоро враќање на терените и враќање во формата од финишот на ланската сезона.

Зампарини посочи дека дел од фудбалерите треба експресно да се разбудат и да ја подобрат формата, или ќе има смена во играчкиот кадар. Тој не е задоволен ниту од тренерот Де Зерби, како што истакна на состанокот со фудбалерите и со стручниот штаб.

На мета е и менаџерот Давор Чурковиќ кој ги донесе играчите од просторите на Екс-Југославија и од Источна Европа.

Следниот ривал за Палермо е Лацио, состав што нема пораз на последните 8 меча во Калчото.

anaNikolic

misoKovac

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа