Vip

Крилото на Ливерпул Садио Мане раскажува колкав пат изодел од прашливите улици на едно селце во Сенегал, до катедралата на фудбалот „Енфилд Роуд“.

Садио Мане израснал во малото село Бамбали, на крајниот југ од Сенегал, каде татко му бил имам во локалната џамија. Кога некој сенегалски репортер неодамна го посетил местово, дознал дека Мане платил за реконструкција на џамијата. Фудбалерот на Ливерпул, како и многу други африкански ѕвезди планира да вложи пари во родниот крај за да се стартуваат многу проекти кои ќе помогнат на мештаните.

- Не пијам алкохол. Никогаш. Религијата ми е многу важна. Ги почитувам правилата на Исламот и се молам пет пати дневно, секогаш - вели Мане кој се смета за верник.

Како мал му кажувал на вујко му дека еден ден ќе игра во Франција за голем тим, а тој само му се смеел. Му велел дека се наоѓаат на крајот од Сенегал, далеку од фудбалските случувања во главниот град Дакар.

- Не му верував. Но, ете, тој веруваше. Дури и зимно време кога се играа турнирите, цело време повторуваше дека ќе успее.

Садио Мане најпрво заиграл за селската екипа во дуели против поголемите ривали Тинтинконг и Марсасум а најмногу го сакал клубот Каса Спортс, екипа од јужниот град Зигиншор во Сенегал, најблизок град до неговото село Бамбали до каде има час и половина возење.

- Моето село е многу далеку од Дакар и не верував дека некој ќе дојде кај нас да скаутира фудбалери. Така се заинатив и на родителите им кажав дека толку го сакам фудбалот што би отишол да тренирам во некој клуб каде ќе ме видат. Со вујко ми на 15 години отидов 500 километри северно до Дакар за да одам на проба - вели Мане.

На првиот ден од пробата во еден поголем клуб во Сенегал, присутните му се смееле затоа што носел скинати копачки и шиени шорцеви.

- Копачките беа многу многу лоши. Стари и скинати. После тие проби отидов на Академијата - вели 24-годишниот Мане за почетоците.

Европската јавност за него дозна кога го постигна најбрзиот хет-трик во историјата на Премиер лига. Даде три гола за само 2 минути и 56 секунди во триумфот над Астон Вила од 6:1 и го сруши рекордот на Роби Фаулер кој во ’94-та даде три гола против Арсенал за 4 минути и 33 секунди.

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа

banerMasaMedo

AcaLukasIRadmila