van-persiАрсенал на домашен терен ја совлада Барселона, во рамките на осмина финалето од Лигата на Шампиони.

Овие две екипи се спротивставија минатата сезона во четврт финалето. Но, за разлика од ланскиот натпревар, овој пат Арсенал прикажа многу поинаква игра. Оваа сезона, Арсен Венгер ги има на располагање сите играчи, за разлика од лани кога повеќето беа повредени. 

Натпреварот започна со силно темпо и многу атрактивно, како што се очекуваше. Во шестата минута, Фабрегас одлично асистираше до Ван Перси, но за жал Холанѓанецот шутираше право во голманот на Барселона, Виктор Валдес. Веднаш на спротивната страна, Лионел Меси имаше идеална шанса за да го отвори резултатот, но топката заврши покрај голот. Разиграната Барса дојде во водство во 27-та минута, преку Давид Виља, по одличното додавање од Меси. До крајот на првото полувреме, Меси постигна гол во 38-та минута, но голот беше поништен бидејќи Аргентинецот беше во недозволена позиција. 

Во второто полувреме, „топџиите“ продолжија со нападите кон голот на Валдес, но добро подготвените фудбалери на Барселона не дозволуваа да го загубат водството. И кога сите веќе ги отпишаа фудбалерите на Арсен Венгер, тогаш се случи чудо. Најпрво Ван Перси со одличен удар успеа да го израмни резултатот во 78-та минута, а само пет минути подоцна, Аршавин му донесе победа на Англискиот клуб.

BR

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа