Манчестер Јунајтед го насочија своето внимание кон Александар Лаказет и ќе се обидат да го донесат во своите редови за 50 милиони фунти.

lakazet

Поради забраната на Атлетико Мадрид да купува играчи на Гризман му е забрането да го напушти Атлетико Мадрид овој преоден рок, а токму французинот беше главна цел на Мурињо ова лето.

Црвените ѓаволи ќе се соочат со голема конкуренција имајќи во предвид дека веќе Арсенал и Ливерпул се заинтересирани за Лаказет и припремаат понуди коишто ќе ги достават до Лион.

Забраната на Атлетико да купува играчи е главен виновник не само за стопирање на трансферот на Гризман во Јунајтед туку и за прекинување на преговорите со Лаказет. Пред да се знае со сигурност дали забраната ќе стапи во сила, Атлетико Мадрид беа во финална фаза за потпишувањето на договор со напаѓачот на Лион.

За квалитетите на Лаказет доволен е фактот дека во секоја од последните 3 сезони, тој има постигнато повеќе од 20 погодоци и тоа:

14/15: 27 ⚽️
15/16: 21 ⚽️
16/17: 28 ⚽️

Докажан голгетер.

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

anaNikolic

misoKovac

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа