Европскиот Суперкуп кој ќе се одигра во Скопје ќе биде вистински фудбалски спектакл на Балканот а иако до овој настан има уште цели два месеци, денеска пристигна една најава од Шпанија која сигурно нема да им се допадне на македонските симпатизери на Реал Мадрид.

„Кралскиот клуб“ во Суперкупот ќе ги одмери силите со Манчестер Јунајтед, но како што пренесува „Марка“, на натпреварот на кој силите ќе ги одмерат двата големи великани нема да настапи најголемата ѕвезда на Реал, Кристијано Роналдо.

„Марка“ секогаш има интерни информации од клубот и речиси никогаш не греши во своите ексклузиви, а во својата вест ова утро пренесува дека Суперкуп натпреварот во Скопје не е во агендата на Португалецот.

Планот на Роналдо е да го продолжи рецептот кој му донесе огромен успех оваа сезона, а тоа е да го дозира својот напор и да има далеку поголем одмор за разлика од претходните години кога беше помлад. Роналдо ќе добие 30-дневен одмор од Реал Мадрид по завршувањето на Купот на Конфедерации на почеток на месец јули, а тоа значи дека Кристијано ќе се врати на тренинзите на Реал на почеток на месец август.

skopskaLinijabanerMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа