Раководството на Манчестер Јунајтед направи план како да го задржи во своите редови повредениот Златан Ибрахимовиќ без притоа да има големи трошоци за неговата плата.

Имено, до Швеѓанецот бил испратен интересен предлог. Од Манчестер Јунајтед му нудат на напаѓачот тој да ја продолжи рехабилитацијата во клупската база иако неговиот договор истекува на крајот од овој месец и тој ќе стане слободен агент. Ако процесот минува успешно, Јунајтед ќе предложи нов договор со тоа што тој нема да важи веднаш, туку од јануари 2018. година.

На тој начин, премиерлигашот ќе заштеди плата за шест месеци, а тоа не е мала сума, туку околу 8 милиони фунти. Освен тоа, Јунајтед ќе го има на располагање Ибрахимовиќ во вториот дел од сезоната кога ќе има повеќе напори и во домашното првенство, куповите и Лигата на шампионите.

Доколку Ибрахимовиќ ја прифати оваа понуда, Јунајтед речиси сигурно ќе се откаже од трансферот на Андреа Белоти за кого Торино бара 100 милиони евра.

skopskaLinijabanerMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа