Vip

По само една сезона во која Челзи си ја врати гордоста и титулатa со помош на Антонио Конте, денес тренерот се наоѓа на работ на заминување од Лондон.

Тоа го тврдат дел од островските, но и угледните италијански медиуми како „Скај Спортс“.

Што се случува во Челзи, се уште нема конкретно објаснување, но италијанскиот стратег се заканил со оставка и се наоѓа на чекор од напуштање на англискиот клуб.

Според „Скај Спортс“, Конте е лут на управата на клубот поради недостаток на поддршка во преодниот рок. Додека манчестерските ривали доведуваат засилувања, а Ливерпул, Тотенхем и Арсенал напредуваат кон остварување на своите желби, во Челзи не се случува ништо.

Конте одамна ја предаде листата за засилувања, но директорите на Челзи, Марина Грановскаја и Мајкл Еменало не прават ништо за од Абрамович да добијат зелено светло за реализација на трансфери. На Конте му е доста од чекање и се закани со заминување ако нешто наскоро не се случи.

По освоената титула со Челзи, Конте побара неколку засилувања – стопер од врвна класа како Бонучи или Ван Дајк, играч за врска од типот на Наинголан или Бакајоко и еден напаѓач од Лукаку или Мората.

Италијанецот бараше на време да му се доведат засилувањата со цел да ги вклопи во тимот. Меѓутоа, Челзи досега не доведе ниедно засилување, а некои мети како Ван Дајк или Мората се се поблиску до заминување во други клубови што го налути Италијанецот.

Големите тензии настанале околу Лукаку бидејќи Конте сака што е можно побргу клубот да му плати 90 милиони евра на Евертон за белгискиот напаѓач, додека во клубот сметаат дека тоа е премногу и сакаат малку да ги затегнат работите за да добијат попуст.

Дури започна да се нагаѓа и за името на наследникот на Конте. Се шпекулира дека тоа би можел да биде Томас Тухел кој неодамна го напушти Дортмунд и ја одби понудата од Саутемптон.

banerIscelitelMilenium

banerMasaMedo

AcaLukasIRadmila