Според светските медиуми, Кристијано Роналдо во следните две сезони ќе го носи дресот на Баерн Минхен. Познатиот спортски бренд „Адидас“ е во офанзива по еден од најдобрите фудбалери и покрај тоа што Роналдо е заштитно лице на „Најк“.

Оваа најава, сепак треба да се земе со резерва, со оглед на тоа дека Португалецот е на метата на многу познати европски клубови, меѓу кои е и Манчестер Јунајтед. 

Дали оваа информација е само обична шпекулација или пак еден од најдобрите фудбалери во светот ќе се одлучи да го облече дресот на германскиот тим ќе биде познато во најскоро време.

Фудбалерот на португалската репрезентација и прва ѕвезда на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо деновиве ја потврди одлуката да го напушти Мадрид во летниот преоден рок.

- Во Шпанија ме третираат како криминалец и затоа заминувам, му рекол Роналдо на Зидан, а пренесува „Тиемпо де жуего“.

banner-zdravoMladi

piratiteOdKaribiteMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа