Пеп Гвардиола се што можеше вчера да направи е само гледа како Дани Алвес му забива нож во грб потпишувајќи договор со ПСЖ, но како што пренесуваат влијателните англиски таблоиди, шпанскиот стручњак воопшто не очајувал за ваквиот расплет кој само му дал дополнителен мотив да го изрежира историски рекорд кога е во прашање еден дефанзивец кој игра на десната страна.

Менаџерот на Манчестер Сити веќе подолго време се става во иста конотација со фантастичниот англиски репрезентатиец Кајл Вокер, за кого талбоидите од Островот велат дека во наредните два дена ќе се претвори во ново засилување на Гвардиола и убедливо најскап десен бек во историјата на фудбалот.

Според најновите информации, Тотенхем ја прифатил понудата вредна 50. милиони фунти за својот стартер, по што се очекува најкасно до понеделник Вокер да биде официјално потврден како ново големо засилување за составот на Гвардиола.

Исто така ова ќе биде прво важно заминување од Тотенхем во актуелниот преоден рок, но „спарси“ се мирни на оваа тема бидејќи во финишот од сезоната феноменално добро на десната бековска позиција одговори Киран Трипие кој сега ќе биде прва опција во Северен Лондон.

skopskaLinijabanerMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа