Доколку тимот на Вардар го мине Малме, ќе игра со данскиот првак ФК Копенхаген. Така одлучи ждрепката во Нион, денеска точно напладне.

Копенхаген има огромна предност од 3:1 и тоа на гостински терен со Жилина и речиси сигурно ќе мине понатаму. Вардар го чека реваншот во Струмица со Малме, со одличен резултат, 1:1, од првиот меч.

Првиот меч од третата рунда ќе се игра во Копенхаген, град кој е оддалечен од Малме само 30-на километри. Ќе се игра на 25/26. јули, а реваншот е кај нас на први, или втори август.

Еве ги сите двојки од третото коло во ЛШ:

Шампионска рута:

Копенхаген/Жилина - Вардар/Малме, Славија Прага - Бате Борисов/Алашкерт, Спартакс/ Астана - Мариенхајм/Легија, Зрињски/Марибор - ХФ/Викингур, Линфилд/Селтик - Дандалк/Розенборг, Хапоел Бер Шива/Хонвед - Жалгирис/Лудогорец, Виторул - Апоел/Дуделанж, Хибернијанс/Салцбург - Риека/ТНС, Карабах/Самтредија - Шериф/Кукс, Партизан/Будуќност - Олимпијакос.

Лига рута:

Стеауа - Викторија Плзен, Ница - Ајакс, Динамо Киев - Јанг Бојс, АЕК - ЦСКА Москва, Бриж - Басахшехир.

Претходно од оваа категорија:

zeljko-samardzic-ohrid

milenium-baner

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа