Голем број на навивачи на Манчестер јунајтед што претходно резервирале хотелски соби во Скопје треба да платат дополнителни, огромни суми за да можат да ги остварат своите резервации.

За срамното и скандалозно однесување на македонските хотелиери за време на УЕФА Суперкупот пишуваат и светските медиуми.

Алчните сопственици на хотелите во Македонија со цел да заработат повеќе не ги почитуваат ниту основните принципи на нивната работа. Не им ги даваат собите на гостите по цената за која тие ги резервирале собите.

Имено, дел од навивачите на Манчестер Јунајтед, претпоставувајќи дека нивниот тим ќе ја освои Лига Европа, порано си резервирале хотел во Скопје додека цените сѐ уште биле во нормални граници од 50 до 150 евра.



Но македонските хотелиери ги покажале своите ниски страсти кон брзата заработка, не ја почитувале оригиналната резервација и сега им бараат по дополнителни 500 до 900 фунти за да можат да ја добијат собата во која треба да престојуваат.

- Тоа се многу пари. Никогаш не сме потрошиле толку пари за хотели, а сме биле во многу земји, ова е скандалозно - велат навивачите.

Добрата вест е дека има многу добри луѓе во Македонија, кои им ги нудат своите станови на навивачите на Манчестер јунајтед.

Поради ваквото однесување на хотелите, и екстремно високите цени, многумина од навивачите на Манчестер јунајтед и Реал Мадрид го избегнуваат Скопје, дури и Македонија и престојуваат во соседството додека во Скопје ќе дојдат само за натпреварот и ќе си заминат.

УЕФА Суперкупот, кој ќе се одигра на 8 август на арената „Филип Втори“, ќе биде најголемиот настан во историјата на Македонија. Во Скопје се очекуваат повеќе од 10.000 навивачи на Манчестер јунајтед и Реал Мадрид, плус странски фанови, кои добија билети преку лотаријата.

Претходно од оваа категорија:

skopskaLinijabanerMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа