Хрватскиот репрезентативец Иван Перишиќ најдоцна до среда ќе биде нов играч на Манчестер Јунајтед - јавуваат англиските и италијанските медиуми.

Преговорите за него течат веќе подолг период, но во текот на викендот се финализирани и Јунајтед ќе му плати на Интер 45,7 милиони евра. Перишиќ се сели на Олд Трафорд на инсистирање лично на Жозе Мурињо кој го посочил како една од најголемите желба во летниот преоден рок.

Во текот на викендот хрватскиот репрезентативец ги напушти подготовките на Интер поради наводни проблеми со забите и замина во татковината. Ако нема други пролонгирања, својот прв натпревар во дресот на Јунајтед, Перишиќ ќе го одигра на 23 јули против Реал Мадрид во Сан Франциско.

Официјалното деби, пак, ќе му биде во Скопје на 8 август во рамките на Супер купот на УЕФА.

Претходно од оваа категорија:

skopskaLinijabanerMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа