Шпанските медиуми се преполни со пофалби и позитивни критики на сметка на Реал Мадрид, освојувачот на УЕФА Суперкупот.

Покрај одличната игра на теренот и тактиката на Зинедин Зидан, на комплименти наидоа и организациските активности на нашата земја, која го положи тестот со вчерашниот спектакл.

На крајот од мечот, Жозе Мурињо ја искористи приликата и одновно пронајде оправдување за поразот, а тоа беше првиот гол на Касемиро, кој според него беше постигнат од офсајд позиција. Снимките покажаа дека немаше место за нерегуларност, бидејќи фудбалерот на Реал беше во линија со еден од противничките одбранбени играчи.

Шпанските телевизиски куќи ја искористија провокативната изјава на Мурињо и му одговорија со помош на дрвена штичка, која ја поставија на телевизорот за да ја докажат регуларноста на водечкиот погодок на „кралевите“.

milenium-baner

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа