Стручниот штаб, фудбалерите и раководството на Борусија Дортмунд никако не можат да го лоцираат напаѓачот Усман Дембеле, откри тренерот на тимот Петер Бос.

Младиот Французин не присуствувал на денешниот тренинг на “милионерите”, а претходно не дал никакво објаснување поради тоа. По тренингот, не се јавувал ниту на неговиот телефон.

- Точно е дека отсуствуваше од денешниот тренинг. И искрено, воопшто не знам зашто. Се обидовме да исконтактираме со него, но неуспешно. Се надевам дека не му се случило нешто лошо - рекол Бос.

Според некои извори, Дембеле се обидува да издејствува трансфер во Барселона и поради тоа го бојкотира бундеслигашот. Пред два дена тој го тргна името на Борусија Дортмунд од своите профили на Твитер и Инстаграм.

zj 300x250-min

mileniumbanner21

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа