Македонскиот фудбалски првак Вардар остана без тренер откако Гоце Седлоски ненајавено си даде оставка, а засега, на „црвено-црниот“ список има само едно сериозно име - Чедомир Јаневски.

Поранешниот македонски селектор долго време се поврзува со тренерското столче на Вардар, пред се поради враќањето на Дарко Панчев во клубот и неговата добра врска со спортскиот директор и вардаровата легенда.

По заминувањето на Седлоски промоцијата на нов тренер во Вардар е закажана утре, а Јаневски е најсериозниот кандидат за преземање на шампионот кој е во исчекување на првиот натпревар против Фенербахче кој се игра во рамки на плеј-офот во Лигата на Европа.

Доколку најавите се остварат и Јаневски се врати во клубот, тоа за него ќе биде втора авантура за него во Вардар, или прва како тренер. Претходно, Јаневски беше дел од Вардар од 1982 до 1989 година, а за тимот одигра 160. натпревари и постигна 9. гола.

skopskaLinijabanerMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа