Актуелниот шампион во Премиер лигата, Челзи со слаби резултати ја започна новата сезона во Премиер лигата откако претрпе пораз на домашен терен од Барнли со 2:3.

Навивачите на Челзи беа видно разочарани по натпреварот од првото коло бидејќи од својата екипа очекуваа лесни три бода, но на крајот добија студен туш од Барнли. По натпреварот следуваа голем број критики на сметка на Антонио Конте кој ова лето одлучи да направи неколку промени во составот кој минатата сезона му ја донесе титулата.

Она што навивачите најмногу му замеруваат на тренерот е што го пушти Немања Матиќ во Манчестер Јунајтед, бидејќи српскиот фудбалер беше клучен играч во неговиот тим, но на крајот се испостави дека виновна за тоа е управата. Исто така, Конте не смета на услугите на Диего Коста кој јавно призна дека сака да го напушти лондонскиот клуб и да се врати во Атлетико Мадрид.

Меѓутоа, италијанскиот стручњак верува дека овој тим ќе ја покаже својата вредност. Англиските медиуми пренесуваат дека Конте изразил желба да доведе уште тројца нови играчи на кои Челзи би вложил 120 милиони фунти. Конте на листата на желби има тројца играчи за кои верува дека би ги решиле неговите проблеми.

Имено, според пишувањата на „Сан“, Челзи е многу блиску до потписот на Алекс Окслејд Чемберлејн за 35 милиони фунти. Исто така, се споменува дека на „Стемфорд Бриџ“ би можел да пристигне и Вирџил Ван Дајк кој со сите сили се обидува да си оди од Саутемптон, но овој клуб за неговите услуги бара 70 милиони фунти.

Исто така, се споменува дека во Челзи би можел да пристигне и фудбалерот на Лестер, Дени Дринквотер. Неговиот трансфер би бил најевтин, со оглед на тоа дека на „Стемфорд Бриџ“ може да дојде за само 15 милиони фунти.

mileniumbanner21

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа