Барселона влезе во невозможна мисија во Суперкупот на Шпанија против Реал Мадрид. По поразот од 1-3 на „Камп Ноу“ пред реваншот Ернесто Валверде ќе мора да брка подвиг и без капитенот Андрес Иниеста, кој поради повреда отпадна од комбинација за натпреварот утревечер.

Шпанскиот репрезентативец се жали на болка во мускулот и веројатно неговото место ќе го заземе Серхио Роберто. Барселона ќе може да смета на Андре Гомез, но Португалецот не е доволно подготвен по настапот на Купот на Конфедерации и доцното приклучување на подготовките.

Барселона само еднаш во шест Суперкуп двомеч дуели против Реал Мадрид излегла како победник. Малкумина веруваат дека може да дојде до ваков подвиг утревечер од 23.00 часот.

skopskaLinijabanerMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа