По долги преговори колумбискиот репрезентативец Карлос Бака од денеска е испратен на позајмица во шпанскиот прволигаш Виљареал.

Договорот го објави “жолтата подморница” на својот профил на Твитер, а Бака треба да биде замена за Роберто Солдадо кој минатата недела го напушти Виљареал и се пресели во Фенербахче.

Официјалната промоција на Бака ќе се одржи утре. Шпанскиот клуб за него плати 2,5 милиони евра, а идното лето ќе може да го откупи неговиот договор за 15,5 милиони евра.

Ова е добра вест за нашата Шкендија која утре гостува на “Сан Сиро” во првиот меч од плеј-офот за пласман во Лигата Европа.

skopskaLinijabanerMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа