Вечерва во 20.00 часот на арената „Филип Втори“, Вардар го игра големиот натпревар против реномираниот Фенербахче, кој доаѓа во Скопје со една единствена мисла, победа и пласман во Европа.

Нашиот тим ќе мора да одигра над нивото, за да оствари на домашен терен поволен резултат, со кој евентуално би патувал по чудо во Турција.

Вчера двата клуба ги одржаа последните тренинзи, и ги сумираа впечатоците пред натпреварот.

Новиот фудбалер на Фенербахче од сезонава, Матје Валбуена, на социјалните мрежи порача:

„Одиме за Скопје на првиот меч со Вардар, ќе ни биде потребна вашата поддршка, сакаме да ве слушнеме во Скопје“, напиша Валбуена.

mileniumbanner21

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа