Артим Шакири засекогаш ќе остане запаметен од македонската спортска јавност поради борбениот дух и феноменалните вештини кои ги прикажуваше како член на најсилниот состав на македонската фудбалска репрезентација, а сега поранешниот капитен се најде во центарот на вниманието и поради едно ексклузивно интервју кое го даде пред вечерашниот меч меѓу Македонија и Албанија.

Имено, избраниците на Игор Ангеловски вечерва во Струмица ќе имаат шанса да се реваншираат за несреќниот пораз на стартот на квалификациите за Светското првенство во Русија, а бидејќи овој дуел носи посебни страсти и мотивации на двете страни, едно доста провокативно прашање доби Шакири во интервјуто за албанскиот портал „Панорама“.

Новинарот побарал од Шакири да избере една страна во пресрет на вечерашната пресметка која се игра во Македонија, а играчот кој одигра 75. натпревари за националниот дрес на „црвено-жолтите“ уште еднаш потврди колку многу ја почитува земјата која му овозможи фудбалски да се развие.

– Не ме ставајте во непријатности. Јас сум Албанец, но не може да се побие фактот дека одиграв 75. натпревари со македонската фудбалска репрезентација која многу ја почитувам. Како најпрво пред сè, не сакам да има инциденти на овој натпревар. Навредите да останат на страна, да се насочиме само на фудбалот - рекол Шакири.

mileniumbanner21

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа