Лошата ситуација во Барселона и лошо одработениот летен преоден рок би можел да ескалира и да предизвика огромни промени во редовите на каталонскиот гигант.

Уште сега се зборува за предвремени избори и враќање на Жоан Лапорта на претседателската функција, а со тоа ќе има и промени во раководството и играчкиот кадар. Поранешниот прв човек на клубот веќе има план како ќе изгледа неговото враќање.

Наводно, прва цел ќе биде да се реконструира менаџерскиот тим, а први кои ќе ги побара Лапорта се луѓето од Јувентус, Бепе Марота и Фабио Паратичи.

Иако од сенка, на нив се должи доминацијата на торинскиот клуб во италијанското првенство затоа што години наназад во Јуве носат се што е квалитетно во Италија.

Најважно од се е што тоа го прават за малку пари, филозофија што ја практикуваше и Лапорта кога првиот пат беше претседател на клубот.

Евентуалното враќање на Лапорта ќе значи и дека Лионел Меси останува во Барселона.

zj 300x250-min

mileniumbanner21

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа