Познато е дека Ливерпул во новиот формат на Премиерлигата, поточно од 1992. година наваму, немаат освоено титула, а тоа денеска наврши 10.000 денови, како Ливерпул нема прославено титула.

Дел од генерацијата која последна освои титула за Ливерпул, беше и некогашниот ас и тренер на овој клуб, Кени Далглиш, кој тогаш им ја донесе рекордната 18. титула, додека Јунајтед беше прилично далеку од сегашните 20 кои ги имаат.

Цели 27 години Ливерпул се бори, се мачи да освои титула, но никако да стигнат до посакуваното скалило. Најблиску беа во сезоните 2007/8 и 2013/14, кога во последните 2-3 кола ја загубија титулата.

Па фановите Јунајтед денеска не пропуштија да им се потсмеваат на Ливерпул и да им го честитат јубилејот од 10.000 денови без освоен трофеј во Премиерлигата.

- Среќна годишнина, славиме 10.000 денови, наздравуваме за идните 10.000“ - беа дел од пораките на фановите на Јунајтед.

Од последната освоена титула на Јунајтед, Сер Алекс Фергусон им донесе 13 титули на клубот од Манчестер, кој во 20 години, стана најтрофеен во Англија.

skopskaLinijabanerMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа