Со голема доза на среќа, или пак благодарение токму на новата технологија, португалскиот гигант, Бенфика забележа нова победа во домашното првенство.

Имено, во 88. минута при резултат од 2-1 за шампионот, гостинската екипа на Портимоненсе постигна гол, но по цела минута и пол истиот беше поништен поради офсајд ситуација, во која се најде десното крило Манафа, пред да асистира за стрелецот на голот, Фабрицио.

Кога подобро ќе се погледне ситуацијата, офсајд очигледно имаше, но трагично е што истиот е досуден по цела минута и пол славје на гостинските фудбалери и фанови.

Оваа технологија можеби ја дава вистинската слика на теренот, и ги скенира сите детали од играта, но дефинитивно одлуките мораат да бидат побрзи, пред сè за доброто на најдобрата споредна работа на светот да не ја загуби својата убавина, која ја гради од самиот почеток на фудбалот како спорт.

mileniumbanner21

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа