Сосема предвидливо, него го заработи досегашниот предводник на Кристал Палас, Франк де Бур откако лондонскиот тим во првите четири натпревари не само што не успеа да освои бод, туку и не постигна ниеден гол.

birthday11

Беше најавено дека неговата судбина ќе биде позната во следните 48 часа, но раководството на клубот брзо реагираше, ја најде замената и немаше повеќе потреба да се оддолжува целиот процес.

- Фудбалскиот клуб Кристал Палас утрово ја прекина соработката со Франк де Бур. Би сакале да му се заблагодариме на Франк за посветеноста и вредната работа во периодот додека го водеше тимот. Неговиот менаџер ќе биде објавен денеска, а ние му посакуваме многу среќа на Франк во иднина - стои во соопштението на Кристал Палас.

Така, Франк де Бур беше тренер на Кристал Палас само 77 дена што е трет најкраток престој на еден менаџер во историјата на Премиер лигата. Пократко од него биле се Лес Рид во Чарлтон во 2006 година (40 дена) и Рене Муленстен во Фулам во 2013 година (74 дена). Интересно е тоа што Де Бур лани го водеше Интер 85 дена, односно осум помалку отколку сега лондонскиот тим.

И покрај тоа, холандскиот стручњак ќе заработи отштета од пет милиони фунти бидејќи во јуни потпиша тригодишен договор со клубот.

Негов наследник е поранешниот англиски селектор Рој Хоџсон кој се обврза на двегодишна верност.

skopskaLinijabanerMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа