Вчера Манчестер Јунајтед ја запиша првата победа во новата сезона на Лигата на шампионите, но остана без своето најскапо засилување, Пол Погба.

На „Олд Трафорд“ Јунајтед со 3-0 го совладаа Базел, иако од 17. минута останаа без услугите на капитенот на овој дуел, Погба. Французинот се пожали на болки во задниот бутен мускул и предвреме го заврши мечот, а легендарниот стадион го напушти на штаки.

- Мислам дека таквата пауза значи отсуство неколку седмици. Нема потреба од паника, бидејќи ги имаме Херара, Фелаини, Матиќ и Карик на таа позиција. Тоа ти е професионалниот фудбал, често знае да ти донесе непланирани работи - по мечот изјави Мурињо.

skopskaLinijabanerMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа