Ромелку Лукаку е во фантастична форма по неговото доаѓање од Евертон во Манчестер Јунајтед за кого од „Олд Трафорд“ мораа да платат 85 милиони евра кои досега тој ги оправдува до последен цент.

Се разбира тој стана веднаш миленик на навивачите на Јунајтед кои се познати по духовитоста и оргиналноста, па веднаш му измислија песна.

Станува збор за преработка на нумерата “Made of Stone”, на славниот бенд од Манчестер “The Stone Roses“, чиј превод оди отприлика вака:

- Ромелку Лукаку нашиот белгиски голгетерски гениј, има 24 инчи (60 сантиметри) пенис, забива голови се додека му виси меѓу прстите од нозете…

На ова веднаш реагираше “Kick It Out“ организацијата која се бори против расизмот и дискриминацијата во англискиот фудбал, која истакна дека стиховите во песната се навредувачки и дискриминирачки, без оглед на тоа што во овој случај со песната му се искажува поддршка на играчот.

- Ги контактиравме луѓето од Манчестер Јунајтед и англискиот фудбалски сојуз, проблемот мора да биде веднаш решен, а сторителите може да очекуваат казни - се цитира во соопштението на организацијата.

zj 300x250-min

mileniumbanner21

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа