Vip

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, сеуште вината за повредата на Пол Погба од пред 10-тина дена ја фрла на самиот фудбалер. Докторите велат дека Французинот ќе отсуствува и околу три месеци што никако не му допадна на Мурињо кој во него гледа еден од главните играчи во тимот.

Рехабилитацијата треба да почне наскоро, но претходно Погба мора да го напушти градот и да замине на десетдневен одмор на инсистирање токму на менаџерот.

- Пол доби слободни денови пред да почне да работи на заздравување на повредата на задната ложа. Наскоро треба да биде извршен уште еден преглед, но претходно повреденото место треба да се смири за да почне процесот на рехабилитација. Затоа ќе замине на одмор за време на репрезентативната пауза, а потоа ќе се врати на работа - изјавил за Сан близок извор од клубот.

Погба се повреди на натпреварот од Лигата на шампионите против Базел минатата недела. Поволните прогнози се дека ќе паузира шест недели, но постојат и такви кои велат дека ќе се врати дури пред нова година.

Претходно од оваа категорија:

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа

banerMasaMedo

AcaLukasIRadmila