Скоро и да не постои телевизија, весник, портал ... во Шпанија кој овие дена не ги пофали настапите на нашиот репрезентативец, Енис Барди во дресот на Леванте.

Новата десетка на тимот од Валенсија по само неколку одиграни меча се наметна како лидер на тимот, а особено одушеви со својата прецизност од слободен удар, па затоа елитниот медиум „Марка“ го нарече новиот Дејвид Бекам.

Барди веќе двапати стрелаше од прекин, а на Интернет се појави видео, во кое може да се виде како репрезентативецот уште од најмлади години напорно работеше за да го намести „снајперот“ во своите нозе.

Еве што напиша шпанска „Марка“ за него. - Каде што ќе погледне, таму може да ја протне топката. Висок е само 170 сантиметри, а веќе е најголем трепет за противничките голмани. Неговата десна нога е перфектна комбинација на моќ и прецизност. Барди ќе биде ѕвезда, неговиот блесок во дресот на Леванте е една од најголемит сензации во водечките европски шампионати. - Македонец со албански корени, роден во Скопје. Леванте за Барди плати 1,5 милиони евра и се чини дека тоа ќе биде најголемиот грабеж во историјата на фудбалот затоа што веќе сега може да го продаде за најмалку 25 милиони - пишува Марка, меѓу другото, во својот осврт за Барди.

zj 300x250-min

mileniumbanner21

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа