Хитот на социјалните мрежи минатата седмица, и уште еден доказ дека турските навивачи се најгласни и најлуди на светот, било излегувањето на Тимо Вернер од игра, 21-годишниот напаѓач на Лајпциг, уште во 32. минута од гостувањето во Лигата на шампионите кај Бешикташ.

На најдобриот стрелец на Лајпциг толку му пречела буката што ја произведуваат Турците, па теренот го напуштил покривајќи ги ушите. Покрај тоа, се обидел да ги заштити со ставање на капсули, кои не му помогнале.

Лајпциг без клучниот играч кај турскиот првак загубил со 2:0, но, како што се воспоставило една седмица подоцна, притоа не изгубил само бодови, туку и нешто многу поважно.

Тимо Вернер минатата сезона со 21. гол го предводел Лајпциг до второто место во Бундеслигата, а од пролетното деби за Германија веќе дал шест гола во осум настапи. Во ист ритам продолжил и оваа сеозна, постигнал шест гола. Одлична статистика, а може и да се пофали дека веќе го сакаат екипи како Барселона и Реал.

Но, сега било откриено зошто морал да излезе од игра во Истанбул. Имено буката му пречела бидејќи има големи потешкотии со циркулацијата и дишењето.

Затоа за викендот го пропуштил натпреварот со Келн, и собирот со репрезентацијата на Германија за натпреварите со Северна Ирска и Азербејџан.
Вернер чека лекарите да одлучат за начините на терапија и лечење на неговата болка.

Но, како што пишуваат германските медиуми, јасно е дека со толку сериозна болест иднината на овој одличен фудбалер не е баш блескава.

skopskaLinijabanerMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа