По подолги преговори, Андрес Иниеста и Барселона конечно постигнаа договор со кој фудбалерот ќе продолжи да го носи дресот на каталонската екипа сè додека не реши да замине во пензија.

Имено, шпанскиот ветеран во неколку наврати јавно говореше за соработката со Барса, но таа до денес не доби потврда за свое продолжение. Иниеста моментално е со репрезентацијата на Шпанија, која вечерва ќе ја пречека Албанија во претпоследното коло од квалификациите за Светското првенство кое се одржува следната година.

33. годишниот фудбалер има професионален договор со Барселона од 2002 година и досега одигра 418. меча, на кои постигна 34. гола.

Претходно од оваа категорија:

skopskaLinijabanerMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа