Репрезентацијата на Србија ја пропушти првата меч-топка да се пласира на Светското првенство во Русија откако загуби кај Австрија (2-3) па шансата ќе ја бараат на дуелот со Грузија.

Атмосферата почна да ја загрева директорот на федерацијата, Горан Буњевчевиќ, кој реши да го прогласи мечот за натпревар за живот или смрт.

- Нашата репрезентација в понеделник против Грузија го игра животниот натпревар. Тоа е меч на живот или смрт. Затоа ја повикувам цела Србија и Република Српска, да дојдат на стадионот Рајко Митиќ и да ја поддржат својата земја. Овој меч ја дава и судбината на српскиот фудбал. Затоа потребна ни е помош, заедно да патуваме во Русија - кажа директорот на ФСС.

Доколку Србија успее да победи како домаќин ќе патува на еден голем фудбалски собир за првпат по 2010. година, кога учествуваше на Светското првенство во Јужна Африка.

zj 300x250-min

mileniumbanner21

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа