Шест навивачи по дуелот на Израел со Шпанија завршиле во полициска станица поради влегување на теренот. Еден од нив имал нож во својата рака кога му пришол на фудбалерот на „црвената фурија“, Иско.

Израелските службени лица спречиле поголеми инциденти и веднаш реагирале со апсење на фановите. Според зборовите на еден од членовите на обезбедувањето, лицето со нож в рака тргнало накај Иско, но при трчањето ножот му паднал, а во меѓувреме реагирала полицијата и го уапсила.

Од шпанската фудбалска федерација изјавија дека нивните фудбалери во ниту еден момент не беа во опасност по завршувањето на мечот во Ерусалим.

Шпанија славеше со 1-0 и тоа со прекрасниот гол на Илараменди, кој ја потврди првата позиција на неговата репрезентација во групата.

zj 300x250-min

mileniumbanner21

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа