Vip

Легендата на Манчестер Јунајтед, Дејвид Бекам, својата фудбалска кариера ја заврши во 2013 година, но иако ужива во заслужените пензионерски денови, тој и понатаму заработува вистинско богатство.

Откако во 2003 година Ангичанецот го напушти „Олд Традорд“ и го облече дресот на Реал Мадрид, стана еден од најпретпознатливите личности во светот на фудбалот, а тој својата популарност знае како да ја искористи.

По заминувањето од Мадрид се пресели во Лос Анџелес Галакси, па замина на позајмица во Милан, а кариерата ја заврши во ПСЖ, меѓутоа и по заминувањето во пензија, популарниот Бекс не престанува да заработува астрономски суми.

Како што откриваат британските медиуми дневната заработувачка на Бекам изнесува 35.000 фунти, воглавно благодарение на својата компанија „Footwork Productions“ како и од правата на имиџ.

42-годишниот Англичанец моментално е заштитно лице на „H&M“ „Adidas“ и „Haig Club Whisky“, токму од овие договори лани инкасира 12.7 милиони фунти.

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа

banerMasaMedo

AcaLukasIRadmila