Според пишувањата на шпанските и британските медиуми, Барселона и Манчестер Јунајтед би можеле да направат навистина интересна размена на играчи.

Имено, Жозе Мурињо го сака Иван Ракитиќ во својата екипа како засилување за средниот ред покрај Пол Погба и Немања Матиќ, а „специјалниот“ е подготвен за хрватскиот интернационалец да го даде Ентони Марсијал, за кого, интересно, во последните денови низ медиумите се пишува дека Барселона сака да го доведе во своите редови.

Мурињо е голем фан на Ракитиќ и смета дека тој ќе биде вистинско засилување за средниот ред, а ќе се обиде да го искористи интересот на Барселона за Марсијал, иако навивачите не се задоволни од тоа.

Сепак, Французинот не е во прв план кај „специјалниот“, бидејќи Маркус Рашфорд и понатаму е прв избор за лево крило, додека во шпицот местото го завземаат Лукаку и Ибрахимовиќ кој наскоро ќе се опорави.

Марсијал со сигурност ќе биде големо засилување за Барселона. Иако го доведа Усман Дембеле, делува дека францускиот тандем би можел да делува по крилата, а Меси да добие повлечена улога зад Суарез. 

zj 300x250-min

mileniumbanner21

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа